Connect with us

Ракомет

Чешка ја совлада Унгарија и обезбеди пласман во Вараждин

Селекцијата на Чешка денеска ја совлада Унгарија со 33:27 во третото коло од Европското првенство во ракомет што се игра во Хрватска.

Со оваа победа Чесите обезбедија пласман во главната фаза од натпреварувањето. Тие патуваат во Вараждин, каде што се во група со Македонија.

Чешка беше подобриот противник во овој меч во текот на целиот натпревар. На полувремето резултатот беше 15:11.

Во втората фаза во Вардаждин, Чешка патува со 2 поени.