Connect with us

Фудбал

Четири гола на Иван Тричковски против Левски во Софија

Македонскиот репрезентативен напаѓач Иван Тричковски, сам го порази тимот на Левски во Софија откако му даде четири гола, во триумфот на кипарскиот тим АЕК Ларнака во денешниот реванш натпревар од 2. квалификациско коло од Лигата на Европа.

Тричковски најпрво погоди од пенал, а потоа даде уште три гола од игра.

АЕК на првиот меч триумфираше со 3:0, и со тоа со вкупни 7:0 се пласираше во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа.