Фудбал
Да, има играч кој реши да плука по Лео Меси (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аргентина синоќа минимално го совладаа Парагвај во квалификациите за СП 2026 година.
Искусниот Николас Отаменди со својот гол го реши прашањето за победникот, но не беше тој што се најде во центарот на вниманието. Повторно беше Лионел Меси и тоа поради грдата сцена која ја предизвика напаѓачот на парагвајската репрезентација и Торино Антонио Санабрија.
При еден разговор тој го плукна Лионел Меси што предизвика згрозеност низ светот, а токму тоа беше тема на медиумите во микс зоната по натпреварот.
„Во соблекувалната ми рекоа дека некој ме плукнал. Вистината е дека не знам ни кој е тој тип. Подобро да не зборувам за тоа, инаку ќе излезе во јавноста и ќе зборува и ќе стане познат поради тоа“, изјави Лионел Меси .
Incident of Sanabria spitting with Lionel Messi in front of him.pic.twitter.com/jh0fd2WOFS https://t.co/kDePS0f1fU
— Roy Nemer (@RoyNemer) October 13, 2023