Connect with us

Фудбал

Дали докторот на Марадона направил грешка при повикот на брзата помош?!

Иако поминаа три дена од смртта на Диего Армандо Марадона, сепак тој се уште е актуелна тема во речиси сите светски медиуми, особено спортските. Тој почина во средата од срцев удар. Тој почина дома, а неговиот адвокат откри дека брзата помош доцнела.

Утврдено е дека помош побарал неговиот доктор Леополд Луке. При телефонскиот повик не навел за кого станува збор.

-Дали може да испратите амбулантно возило во квартот Сан Андреас, прашал неговиот доктор, кој потоа додал:

-Лекарската помош е потребна за 60 годишен маж кој има проблеми со срцето.

Леополд не кажал дека станува збор за Марадона, а доколку го направел тоа, со оглед на тоа каков статус уживал легендарниот Аргентинец, сигурно дека ќе имало поажурна реакција.

Пропустот секако е направен, пишуваат аргентинските медиуми, но прашање е навистина дали и да стигнеле побрзо Марадона ќе беше спасен.