Connect with us

Фудбал

Дали е реално? Легендарниот Тоти би можел да се врати од пензија и да заигра во Серија А на 48 години?!

Франческо Тоти во септември наполни 48 години – и уште го сакаат! Како што изјави во еден медиумски настап, многу лесно би можел да се врати на терените бидејќи не престанал да добива понуди од одлуката да се збогува од фудбалот во 2017 година. Тој дури и не би бил првиот што ќе се врати во италијанскиот фудбал од пензија…

„Никогаш не кажувај никогаш во животот. Во минатото веќе имало фудбалери кои се вратиле на терените по неколку години. Неодамна некои екипи од Серија А се распрашуваа за мене. Комплицирано е, но не е невозможно да се направи. Сигурно е дека прво би морал многу да тренирам“, искрен беше Франческо Тоти.

Легендарниот капитен на Рома целата своја кариера ја мина во еден клуб. За Италија одигра 58 натпревари од 1998 до 2006 година и постигна девет гола, го освои златото на Светското првенство во Германија, а за Рома играше од 1993 до 2017 година. Ја освои Серија А во 2001 година, два купа и два италијански Суперкупа, а постигна 307 голови на 786 натпревари.