Фудбал
Дали го гледавме истиот натпревар? Тен Хаг: Игравме совршено до пеналот

Вчера Манчестер Сити се „прошета“ низ Олд Трафорд каде со 3:0 го „прегази“ домаќинот Манчестер Јунајтед, во дербито на 10. коло од Премиер лигата. Конечниот резултат е повеќе од добар за Јунајтед со оглед на бројот на шанси што ги создадоа шампионите на Европа и Англија.
И покрај натпреварот во кој неговиот тим беше целосно инфериорен, менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг беше само незадоволен од резултатот.
“Овој пораз не боли бидејќи одигравме перфектно во првото полувреме. Само пеналот ја промени играта. Создадовме добри шанси, немавме среќа да постигнеме гол, но направивме грешки кои не ‘убија”. Така беше и минатата сезона”, рече Тен Хаг.