Connect with us

Кошарка

Дали знаете зошто НБА ѕвездата мора да игра со фластер на вратот?

Ламело Бол по четврти пат сезонава постигна 30 или повеќе поени. Во поразот од Милвоки Бакс, ѕвездата на Шарлот Хорнетс застана на сезонскиот рекорд од 37 поени и додаде по пет скока и асистенции, но сето тоа во убедлив пораз 99:130. За неговиот настап се зборува исто колку и за фластерот на вратот што го носи додека игра.

Бол оваа сезона има просек од 22,2 поени, 5,4 скока и 8,6 асистенции по натпревар, не покажувајќи дека скршеницата на скочниот зглоб минатата сезона му претставува проблем во оваа натпреварувачка година. Сепак, има проблеми, се поради правилата во НБА лигата. Лигата побара од 22-годишниот да ја покрие тетоважата што ја има на вратот под левото уво. Тетоважата LF одговара на кратенката на средното име на ЛаМел ЛаФранс Бол, но и на името на модниот бренд што го лансираше есента 2020 година, набргу откако беше драфтуван.

НБА лигата им забранува на играчите да рекламираат производи, вклучувајќи тетоважи и фризури. Неговата тетоважа ги крши правилата и затоа лигата му нареди да ја прикрие тетоважата, објасни портпаролот на лигата Тим Френк.