Фудбал
Дами и господа Лионел Меси, по осми пат ја доби “Златната топка”, дали е заслужено?!

На свеченоста во Париз, „Франс Фудбал“ по 67. пат во историјата ја додели престижната награда, а по осми пат ја доби Лионел Меси.
Меси, рекордерот по број на награди, триумфираше и во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015, 2019 и 2021 година.
Впрочем, тој ја обезбеди „Златната топка“ со освојувањето на Светското првенство со аргентинската репрезентација во Катар минатата година.
Тој до рекордната осма Златна топка стигна победувајќи ги во трката Килијан Мбапе и Ерлинг Хајаланд. Многумина коментираат дека годинава требало Халанд да ја освои оваа претижна награда со олед на успесите со Сити, пред се освојувањето на ЛШ и Премиер лигата, но оние кои што одлучуваат мислат поинаку.