Connect with us

Фудбал

Дани Велбек има три понуди, која ќе ја избере?

Напаѓачот на Арсенал Дани Велбек е на излезна врата од Арсенал.

Овој англиски репрезентативец веќе некое време не игра важна улога во екипата на „Топчиите“, а изгледа својата среќа нема да ја пронајде ни кај новиот тренер Унаи Емери.

Британските медиуми пишуваат дека Велбек е блиску до заминување и дека има три понуди од Евертон, Бурнамут и Саутемптон.

Наводно, Арсенал е подготвен да го продаде Велбек, но не е познато за колкаво обесштетување. Неговиот договор важи до јуни 2019 година и се очекува да не биде некоја „спектакуларна“ цифра.

Дани Велбек има 27 години и во кариерата нема сменето многу клубови. Играше за Манчестер Јунајтед, Престон, Сандерленд, а член на Арсенал е од 2014 година кога дојде за 20 милиони евра.