Connect with us

Фудбал

Деле Али ќе ги пропушти првите натпревари на Тотенхем во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Деле Али, нема да може да учествува на првите натпревари во новата сезоната. Тој уште еднаш го повреди задниот дел од бутот. Ова е четврта ваква негова повреда за две години.

– Не верувам дека Деле ќе може да се опорави до почетокот на сезоната. Загрижени сме за ова. Тој има само 23 години, а доживеа толку многу слични повреди последниве години, изјави за „Гардијан“Маурисио Покетино, тренерот на Тотенхем.

Според Покетино, Деле Али треба да посвети поголемо внимание на своето тело.

– Ова е мала повреда, се надеваме дека за неколку недели тој ќе ми биде на располагање, но во иднина ќе мора да поработи на зајакнување на своето тело, вели предводникот на премиерлигашот од Лондон.

Во првото коло на 10 август Тотенхем е домаќин на Астон Вила.