Фудбал
Дембеле: Останувам во Барселона, мило ми е за Малком
Младиот фудбалер на Барселона Усман Дембеле јасно порача дека ова лето нема да го напушти „Ноу Камп“
Иако Дембеле се поврзуваше со трансфер во некој од големите европски клубови, сосема е јасно дека ќе остане во Барселона, во која не се снајде најдобро во првата сезона.
„Останувам во Барселона и веќе сум подготвен да играм против Севиља во Суперкупот“, рече Дембеле, а потоа додаде:
„Најголемата разлика помеѓу Германија и Шпанија се климата и тренинзите. Се надевам дека следната сезона ќе биде подобра.
Дембеле признава дека сака да игра со Малком, и дека му е мило што во клубот дојде Малком со кој би можел добро да се сложуваат.
„Искрено, би сакал да дојде и Пол Погба, па да играм и со него како во репрезентацијата на Франција. Мило ми е што во клубот дојде Малком, покрај тоа што е одличен фудбалер, зборува француски, па нема да има проблем во комуникацијата“.
Усман Дембеле минатото лето стигна во Барселона од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра, плус 40 милиони евра за бонуси.