Connect with us

Ракомет

Ден за одмор на нашите ракометари пред утрешниот натпревар против Црна Гора

Македонската репрезентација денеска одмора пред утрешниот дуел со Црна Гора.Овој ден одмор добро ќе им дојде на нашите момци по исцрпувачката битка и победата над Словенија. Со тоа главната цел-пласман во вториот круг е веќе обезбедена а ќе можеме да пренесеме и некој бод за што подобар пласман.

Нашите репрезентативци се добро мотивирани водени од фантастичниот Раул Гонзалес кој беше смирен и моментите кога Словенија имаше водство од неколку голови. Еуфоријата во Македонија расте и се очекува денеска да тргне нова група навивачи пред дуелот со Црногорците.