Connect with us

Ракомет

Денеска Нексе – Вардар и Динамо – Еурофарм Пелистер во СЕХА

Екипите на Вардар и на Еурофарм Работник денеска го играат последниот натпревар за 2019 година со што ја спуштаат завесата.

„Црвено-црните“ од 17 часот ќе му гостуваат на тимот на Нексе во Нашице и тоа ќе биде средба на која вардарци ќе настапат со втора постава односно главно со играчи од тимот на Вардар јуниор бидејќи ракометарите од првиот состав добија одмор откако го заверија првото место во Групата А.

На Еурофарм Работник е во Русија да се обиде да дојде до позитивен епилог и да ја врати 4. позиција во Групата Б. Постојат шанси за тоа, но ќе мора да се одигра одлично на гостувањето кај Спартак Москва, тим кој има само три бода од девет одиграни средби сезонава.