Connect with us

Фудбал

Детето на Барса од милијарда евра го напушти теренот среде натпревар

Ламине Јамал, чудо од дете на Барселона, испиша историја на натпреварот од Лигата на шампионите кај Порто, кој неговиот тим го доби со 1:0. Со влегувањето во првиот тим стана најмладиот стартер во историјата на најсилното натпреварување бидејќи играше со само 16 години и 83 дена. Така продолжи неделата од соништата на Јамал, бидејќи два дена претходно потпиша професионален договор со Барселона со откупна клаузула од една милијарда евра.

Но, во 73. минута од натпреварот во Порто чудесното лице излета од теренот и не се врати. Откако Барселона речиси десет минути играше со играч помалку, нејзиниот тренер реагираше и мистериозно отсутниот Јамал го замени Маркос Алонсо. Секако, оваа ситуација со момчето кое оваа недела веќе двапати испиша историја, ја заинтригира јавноста, па Чави ја објасни ситуацијата по натпреварот, за која веќе на големо се пишува на социјалните мрежи:

“Ламине се чувствуваше лошо. Уште пред натпреварот ми кажа дека не е добро. Го боли стомакот. Паузата ја искористивме за да отидеме во тоалет, но тој не можеше да ја продолжи играта”.