Connect with us

Тајмаут

Девојката која го обвини Нејмар сега заработи пријава од полицијата!

Бразилската полиција во градот Сао Паоло поднесе тужба за клевета против Најила Тринидаде девојката која го обвинуваше Нејмар за сил*вање.

Најила веќе со денови се наоѓа на насловните страни на бразилските медиуми. Таа одлучи јавно да зборува и да изнесе факти за наводниот напад.

Во еден момент спомена и дека бразилската полиција е корумпирана и поради тоа заработи пријава за клевета.

„Полицијата е корумпирана, зарем не? Или јас сум луда?, ја запраша Најила новинарката.

Полицијата и одговори со пријава која ја објавија.

„Полицијата е праведна институција и поради таквите зборови поднесуваме пријава за клевета“.

Сега и Најила се соочува со обвинение, но таа има намера да го изнесе Нејмар пред суд.

„Ќе објавам снимка. Сакам да заврши зад решетки“.

Таа ангажираше и адвокат, но тој се откажа откако видел каква е ситуацијата. Смета дека случајот е тешко да се добие бидејќи Најила не отишла на лекарски преглед после наводниот напад.

„Требаше ли да отидам на доктор на преглед? Па мислам дека нема да се вратам жива дома. Сакав се да откријам уште во Бразил, но се плашев затоа што бев сама. Нејмар е луд“, зборуваше Најила.

„Законот те штити. Ако имаш фотографии тогаш тоа е доволно“, изјави сега веќе нејзиниот поранешен адвокат.

Извор: Спортски