Connect with us

Други спортови

Џовани Симеонe од Фиорентина во Калјари

Аргентинскиот напаѓач Џовани Симеони, син на тренерот на мадридски Атлетико, Диего Симеоне, мина од редовите на Фиорентина во другиот италијански прволигаш Калјари.

Официјално, 24-годишниот Симеоне оваа сезона ќе ја мине на позајмица, но клубот од Сардинија има обврска да го откупи неговиот договор.

Симеоне во Фиорентина дојде пред две години од Џенова, и за екипата на „Виолите“ постигна 22 погодока во 80 натпревари.

Извор: Нетпрес