Connect with us

Тајмаут

Дибала клекна на колена (ВИДЕО)

Аргентинскиот репрезентативец и фудбалер на Рома, Паоло Дибала ја запроси својата долгогодишна девојка Ориана Сабатини, што привлече големо внимание кај италијанската јавност. Дибала тоа го направи на многу романтичен начин пред „Фонтана ди Треви“ (фонтана на желби) во Рим, откако претходно ја убедил својата девојка да фрли паричка во фонтаната и да посака желба.

Додека таа го правеше ова, Дибала клекна на едно колено и ја замоли да се омажи за него. Таа за момент остана без зборови и не можеше да поверува, но рече „да“, а потоа на социјалните мрежи објавија фотографија од свршеничкиот прстен со натпис: „Засекогаш“.