Connect with us

Фудбал

Дибала: Тоа беше погрешно од моја страна и се извинувам

Јувентус вчера го совлада Киево со 3:2 во првото коло од италијанската Серија А.

Старата дама тешко стигна до победата во Верона, а натпреварот беше обележан со деби на Кристијано Роналдо. Јуве дојде до водство многу рано со 1:0, но Киево направи пресврт на 2:1. Сепак, домашната екипа не го издржа притисокот на Јувентус, кој на крајот победи со 3:2.

Во финишот од натпреварот, Сорентино се судри со Роналдо, по што ја изгуби свеста и веднаш беше префрлен во болница. Лекарите заклучиле дека го скршил носот, но се сомневале дека имало уште неколку повреди.

Во моментот додека Сорентино лежеше на теренот на Јувентус постигна гол за 3:2 а некои играчи славеа за голот, кој по VAR беше досудено фаул а не гол. Еден од нив беше Паоло Дибала кој по натпреварот се огласи и рече дека не е во ред што тој го прослави голот додека Сорентино лежеше во несвест.

“Во право сте. Не знаев што се случува во тој момент. Тоа не беше во ред на моја страна и јас се извинувам”, напиша Дибала.