Connect with us

Ракомет

Дибиров и Раул Гонзалес во идеалниот тим на месецот во СЕХА лигата

Во октомври Вардар одигра два натпревари во СЕХА лигата, и двата ги победи, дома со ППД Загреб, 30-23 и во гости кај Целке, 31-28. Црвено-црните се наоѓаат на првото место на табелата во СЕХА лигата со максимални шест победи, и го имаат најдобриот напад и најдобрата одбрана во лигата.

Во објаснувањето за изборот за Тимур Дибиров како најдобро лево крило се вели:

„Да го имаш во најдобрите седум и не е изненадување. Вардар оствари две важни победи, против Загреб и Целје, а Дибиров постигна по шест голови на двете средби. Ретко оди под тоа ниво. Раул мора да е среќен што го има во тимот”

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес е вистински командант што одлично го предводи тимот. За него медиа тимот на СЕХА напиша:

„Вардар е недопирлив – шест натпревари и шест победи. Октомври е месец кога актуелниот првак покажува дека се подготвува да го повтори успехот, победувајќи го Загреб и Целје. И истовремено со големи постигнувања и во ЕХФ лигата на шампионите. Аплауз за Раул кој сѐ уште незнае како изгледа пораз сезонава”

Идеален тим за октомври 2017
Голман – Клемен Ферлин (Горење)
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Десно крило – Бруно Буторац (Татран)
Пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)
Лев бек – Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)
Среден бек – Лука Митровиќ (Целје)
Десен бек – Константин Игропуло (Мешков)

Тренер: Раул Гонзалес (Вардар)