Connect with us

Фудбал

Диего Коста пред враќање во Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид е подготвен во своите редови да го врати поранешниот нивни играч, а сега член на премиерлигашот Челзи, Диего Коста.

Според шпанските медиуми Атлетико понудил 55 милиони евра плус дополнителни 10 милиони низ бонуси.

Овој трансфер би можел да се реализира во јануари 2018 година, кога истекува забраната за купо-продажба на играчи на мадрискиот клуб.

Челзи нема да прави пречки за трансферот, откако менаџерот Антонио Конте не смета на Коста за оваа сезона.

Доколку се реализира овој трансфер шпанскиот репрезентативец Диего Коста ќе биде најскапиот фудбалер на Атлетико, а воедно по три и пол години би се вратил во клубот каде претходно настапуваше. Шпанските медиуми пресметаа и дека Коста ќе биде 200 дена без натпревар.