Други спортови
Димитров го елиминира Алкараз од Шангај!

Григор Димитров го победи Карлос Алкараз со 5:7, 6:2, 6:4 и обезбеди место меѓу осумте најдобри на турнирот од серијата 1000 во Шангај. Бугаринот одигра одличен гем особено на сервис (10 аса) и заслужено го елиминира вториот тенисер во светот.
Димитров одигра и малку за Новак Ѓоковиќ, кој до крајот на годината ќе се бори за првото место на АТП листата по Алкараз.
Григор можеше и порано да ја заврши работата, доколку не го испуштеше првиот сет, кој практично го имаше во рацете. Поведе со брејк 5:3, но потоа се чинеше како да се исплаши од приликата. Алкараз одигра многу подобро и поведе со 1:0 во сетови со четири врзани гејма.
Сепак, тоа не го поколеба Бугаринот. Вториот сет беше буквално совршен од негова страна. Веднаш направи брејк во првиот гем, а на другата страна не му даде шанса на ривалот да му го одземе сервисот. Со нов брејк во седмиот гем обезбеди израмнување во сетови.
Влезе во решавачкиот сет во кој Димитров стигна до брејк во третиот гем и го претвори во реализација. Тој успеа да ја задржи предноста до крајот на сетот и да стигне до првата победа во четирите меча против актуелниот шампион на Вимблдон.
MASSIVE win‼️
An inspired performance from Dimitrov who fights past top seed Alcaraz 5-7, 6-2, 6-4!#RolexShanghaiMasters | @SH_RolexMasters pic.twitter.com/kcxdoP5TXB
— ATP Tour (@atptour) October 11, 2023
За пласман во полуфиналето Димитров ќе игра против Чилеанецот Џари.