Connect with us

Фудбал

Динамо Загреб, Црвена Звезда и Олимпијакос се пласираа во групите од ЛШ

Вчера се одиграа реваншите од три плеј-оф натпревари од Лигата на шампионите, по што беа познати три тима кои се пласираа во групната фаза од најелитното европско фудбалско натпреварување.

Црвена Звезда во Белград играше 1:1 со Јанг Бојс, и благодарение на оние 2:2 од Берн од првиот меч, и повеќето постигнати голови на гости, српскиот првак втора година по ред се пласираше во групите.

Динамо Загреб одигра 1:1 со Розенборг на гости. Меѓутоа дома го победи истиот противник со 2:0, и така отиде во групната фаза од ЛШ. Таму игра Аријан Адеми кој е капитен на екипата.

Во групната фаза се пласираше и Олимпијакос. Грчкиот тим веќе беше во групите по победата од 4:0 на домашен терен со рускиот Краснодар. На реваншот со победа од 2:1 само ја потврди доминацијата.

Вечерва се играат уште три меча, по кои ќе бидат познати сите учесници во групите. Славија Прага игра со Клуж, и има предност од првиот меч од 1:0, потоа Бриж на домашен терен го пречекува Ласк Линц и исто така има предност од 1:0, а во Амстердам Ајакс против АПОЕЛ почнуваат од 0:0, резултат со кој заврши првиот натпревар во Никозија.