Connect with us

Фудбал

Дојде и тој ден – Ел Хадари се збогуваше од репрезентацијата

Египетскиот голман Есам Ел Хадари одлучи да му каже „збогум“ на националниот тим.

Се работи за чувар на мрежата кој на овогодишното Светско првенство го сруши рекордот затоа што стана нај стариот играч кој некогаш заиграл на Светско првенство и тоа со 45. години.

Тој за Египет дебитираше во 1996. година и од тогаш има забележано 159 настапи, постигна еден гол и освои четири пати го освои Африканскиот куп на нациите.

„Навистина су среќен што го носев дресот на репрезентацијата 159 пати и учествував во неверојатни достигнувања“, рече помеѓу другото ветеранот на египетскиот фудбал.