Connect with us

Кошарка

Долга пауза му претстои на Дурент, но интересот за него не згаснува

Кевин Дурент пропушти девет натпревари за Голден Стејт, се врати во петтата пресметка од финалната серија против Торонто, но по само 11 минути игра се здоби со нова тешка повреда на ахиловата тетива.

По извршената успешна операција, Дурент се огласи на социјалните мрежи дека е подготвен за тешкото патување кое му претстои со верба во неговите тимски колега дека можат да го добијат шесттиот дуел со Торонто во „Оракл“ арена ноќта четврток кон петок.

https://www.instagram.com/p/Byn0c6NjoQq/?utm_source=ig_embed

Се очекува Дурент да се врати на паркетот во февруари 2020-та, но не во редовите на Голден Стејт. Неговото заминување е познато уште пред неговата повреда, а иако ја обнови не претставува пречка за Њујорк Никс, ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс да му понудат целосен договор од самиот почеток на наредната сезона.