Connect with us

Ракомет

Домагој Дувњак е МВП на ЕП

Хрватскиот ракометар Домагој Дувњак е прогласен за најдобар ракометар на 14. Европско првенство.

Лидерот на „коцкестите“ постигна 31 погодок во осумте настапи за националниот тим на континенталниот турнир и забележа 69 отсто прецизност во ударите кон противничкиот гол.

Дувњак беше непогрешлив и од линијата за седум метри. Ги погоди сите шест пенали за кои презеде одговорност како изведувач, направи 11 асистенции, „украде“ седум топки и постави две блокади.

Во 2006 година беше прогласен за МВП и на младинското Европското првенство на кое ја предводеше Хрватска до златниот медал.

Хорхе Македа е избран за најдобар десен бек, а Игор Карачиќ за најдобар среден бек на шампионатот. Најдобриот стрелец Сандес Сагосен е најдобар лев бек на ЕП 2020, а крај него се наоѓа и левото крило на норвешката репрезентација, Магнус Јендал.

Словенецот Блаж Јанц е најдобро десно крило, Унгарецот Банхиди најдобар пивот, а голман број 1 на ЕП 2020 е Гонзало Перез де Варгас од Шпанија. Свој претставник во дрим-тимот има и Германија, откако Хенрик Пекелер беше избран за најдобар дефанзивец на овој шампионат.