Connect with us

Кошарка

Дончиќ сака што побрзо да го заборави крајот на 2024 година, ФБИ се вклучи во аферата која го тресе американскиот спорт

ФБИ се вклучи во истрагата за поврзаноста на бројните случаи на грабежи кои го потресуваат спортот во Соединетите Американски Држави, меѓу кои најмногу одекна кражбата на куќата на Лука Дончиќ.

Словенечката кошаркарска ѕвезда нема да го памети крајот на 2024 година по убави работи. Покрај тоа што Дончиќ се здоби со тешка повреда, па во процесот на рехабилитација ќе чека до 2025 година, група крадци неодамна упаднаа во неговата куќа и одзедоа накит вреден 30.000 евра. За среќа, станува збор само за материјална штета бидејќи семејството Дончиќ во тој момент не било дома.

„Разговарав со Лук по инцидентот. Се е во ред и за среќа, никој не беше повреден“, нагласи тренерот на Далас, Џејсон Кид.

Но, сега во истрагата се вклучи и ФБИ, не само поради Дончиќ, туку поради серијата грабежи на познати личности од светот на спортот кои беа цел на злоупотреба во САД во последните недели. Покрај Дончиќ, крадците ги посетија домовите на ѕвездите на американскиот фудбал Патрик Махомес, Џео Бароу и Тревис Келче и на кошаркарите Боби Портис и Мајк Конли. ФБИ е активно вклучен во истрагите поврзани со големите американски спортски лиги, вклучувајќи ги НБА, НФЛ, НХЛ и МЛБ. Организациите на своите социјални мрежи испратија предупредувања за можни нови кражби.