Connect with us

Кошарка

Драматично „Ел класико“ – Барселона слави среде Мадрид

Многу возбудувања вечерва во кошаркарското „Ел класико“, победикот одлучен во завршните драматични минути.

На дерби натпреварот вечерва во Мадрид, екипата на Барселона успеа да и го нанесе првиот пораз на екипата на Реал 84:80.

Најголемите шпански ривали вечерва приредија одлична кошаркарска претстава.

Во текот на натпреварот, двете екипи играа рамноправо и цело време беше голема неизвесноста која екипа ќе се радува на крајот.

Во последната минута од натпреварот Барселона имаше водство од 79:78, а Реал следниот напад не го искористи, па Барселона на десет секунди до крајот веќе ја потврди победата.