Фудбал
Еден Азар во Реал Мадрид – најлошиот трансфер на сите времиња?

На денот кога Еден Азар и официјално ја заврши кариерата, неговиот трансфер во Реал Мадрид од Челзи во 2019 година повторно е под лупа.
Белгиецот дојде како ѕвезда на која ќе и бидат врачени клучевите на тимот, но ништо од тоа не видовме.
По спектакуларните седум години во Челзи, тој дојде на првите подготовки на кралскиот клуб со 12 килограми прекумерна тежина – со висина од 171 см (иако официјално е 175 см) – и тоа беше знак за она што следува, главно бројни повреди го оддалечија Азар од теренот.
Реал на Азар му даде вкупно 207 милиони евра – 115 за плата, плус 23 милиони годишно за плата, а Белгиецот за тоа време не одигра ниту еден Ел Класико, постигна седум гола и запиша само 12 асистенции. Во Ла Лига 24 пати бил стартер, што значи шест пати годишно.
Има само 32 години, а сите веќе очекуваа дека ќе се пензионира, што е доволно да го илустрира односот на Азар кон фудбалот во последните години.
Се уште има кандидати, но од која перспектива и да гледаме, трансферот на Азар во Реал Мадрид е меѓу десетте најлоши трансфери на сите времиња.