Connect with us

Фудбал

Експресно си најде нова работа: Неста е нов тренер на Фрозиноне

Легендарниот стопер на Лацио и на Милан, Алесандро Неста продолжува во Фрозиноне чиј тренер ќе биде во наредните две години. Тој неодамна доби отказ во Перуџа по неуспешниот обид за пласман во Серија А преку плејофот.

Поранешниот италијански репрезентативец, кој има мундијалска титула со „азурите“ од шампионатот во Германија во 2006 година и две Скудета со „росонерите“ во Серија А, досега, покрај Перуџа, го предводеше и тимот на Мајами.

Девет сезони како активен фудбалер одигра за Лацио, цела деценија потоа беше член на Милан, а крајот на кариерата го мина во екипи во Индија и во Австралија. Под негово водство, Фрозиноне се надева на експресен кам-бек во Серија А во која не успеа да се задржи во сезоната 2018/19.

novatv.mk