Connect with us

Фудбал

Елиф Елмас на чекор до враќање во Италија – Фиорентина е новата дестинација?

Зимава ќе ја означи крајот на епизодата на Елиф Елмас во германскиот клуб Ред Бул Лајпциг. Иако беше доведен како големо засилување и се очекуваше да игра клучна улога, Елмас не успеа да се наметне и сега е на пат да го напушти тимот.

Според информации на Спортспорт, Елмас е пред враќање во Италија – земјата каде што ја достигна својата најголема фудбалска афирмација. Сепак, овојпат неговата нова дестинација нема да биде Наполи.

Напротив, според нашите извори, македонскиот репрезентативец ќе се пресели во Фиорентина. Останува да се види под кои услови ќе биде реализиран трансферот – дали ќе биде позајмица или Ред Бул Лајпциг ќе одлучи да го продаде играчот целосно.