Фудбал
Есенски трансфер – Заборавениот Грк во Баерн Минхен?!

Баерн Минхен по секоја цена сака да ја засили конкуренцијата во одбраната, а бидејќи Џером Боатенг не успеа, опцијата е – Сократис Папастатопулос.
Сигурниот новинар на Скај Спортс, Флоријан Плетенберг денеска откри дека Сократис одбил трансфер во Бетис, бидејќи верува дека ќе добие понуда од Баерн.
Баварците по секоја цена сакаат да ја засилат конкуренцијата во одбраната, бидејќи Дајо Упамекано е надвор од терените неколку недели, Матијс де Лихт се опоравува, Ким е единствениот здрав во моментов.
Сократис (35) е без клуб од ова лето, кога се раздели со Олимпијакос, а претходно остави најдлабока трага во Борусија Дортмунд во периодот од 2013 до 2018 година.
Потоа играше две и пол сезони за Арсенал, а во кариерата играше и за Вердер и Џенова, а накратко беше во Милан каде не играше многу во сезоната 2010/11.