Connect with us

Ракомет

Еурофарм ги пушти во продажба билетите за СЕХА лигата – цената е 250 денари

РК Еурофарм Работник в среда на 2 октомври 2019 во 17:15 часот го пречекува својот нов противник во рамките на СЕХА лигата, Веспрем. Ве известуваме дека продажбата на билетите за овој натпревар ја стартуваме денес, сабота, во 12 часот.

Цената на поединечниот билет за ова несекојдневно ракоменто доживување е 250 денари.

Билетите можете да ги купите онлајн на katrieurofarm.mk, како и на сите официјални продажни места кои се објавени на нашата страница за онлајн продажба на билети.