Connect with us

Ракомет

Еурофарм работник против норвешкиот Филинген Берген во осминафиналето на Челинџ Купот

Ракометарите на Еурофарм работник го добија противникот за осминафиналето на ЕХФ Челинџ Купот.

Денешната жрепка одржана во Виена, на битолскиот тим за противник им го донесе составот на Филинген Берген од Норвешка, против кој ќе се борат за место меѓу осумте најдобри екипи во третото по квалитет европско ракометно клупско натпреварување.

Првиот натпревар од осминафиналето ќе се игра во Битола на 10 и 11 февруари 2019 година, а реванш дуелот е предвиден седум дена подоцна во Норвешка.

Битолскиот тим, за кој ова е деби на европската сцена, во првата рунда забележа две победи над литванската екипа Гранитас Каунас.

Powered by WPeMatico