Connect with us

Други спортови

Ферари остана без претседателот Серџо Маркионе

Првиот човек на Формула 1 тимот, Ферари Серџо Маркионе ја напуши функцијата поради компликации по операцијата на рамото и не е во можност да се врати на работа.

Само еден ден откако се појавија шпекулаците дека наследникот на Маркионе може да биде именуван, компанијата Фијат со соопштение потврди дека неговата здравствена состојба се влошила и затоа е донесена одлука за прифаќање на неговата оставка.

Фијат со жалење објавува дека во изминатите неколку недели се појавија неочекувани компликации, односно додека Марконе се оправуваше од операцијата и дека ситуацијата значително се влоши. Како последица на тоа, господинот Маркионе нема да може да се врати на работа, стои во соопштението.
Заради неочекуваниот расплет на настаните, Управниот одбор на италијанската компанија одлучи да го убрза процесот околу именувањето на наследникот на Маркионе, што беше планирано за крајот на годинава. Предложен е Мајк Мени, претседателот на компанијата „Jeep“. Мени веќе добил овласување да ја врши претседателската функција.