Connect with us

Други спортови

Фетел беше најбрз во Канада, но доби казна и му ја препушти победата на Хамилтон

Фетел денеска беше првопласиран за големата награда на Канада, но тој беше казнет,па победата му припадна на Луис Хамилтон.Фетел во директниот дуел со Хамилтон направи грешка и излета од патеката, а при враќањето влезе директно во Британецот. Очигледно не можеше поинаку да реагира бидејќи ја губеше контролата врз задниот дел од болидот, но организаторите го казнија со додавање пет секунди на крајното време.