Connect with us

Фудбал

ФИФА ги повика Израел и Палестина да ги прекинат непријателствата

ФИФА ги повика Израел и Палестина да ги прекинат непријателствата.

Во писмото до претседателот на Израелската фудбалска федерација, Шин Моше Хуарез, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ги повика Израел и Палестина да ги прекинат непријателствата.

Првиот човек на ФИФА им изрази сочувство на фудбалските организации на Израел и Палестина.

„Тоа е колку срцепарателно толку и шокантно да се види регион чиј народ предолго ги претрпел најдлабоките маки, во уште поголеми маки. Фудбалскиот свет стои цврсто со народот на Израел и Палестина и со сите невини жртви кои платија огромна цена“, беа објавени зборовите на Џани Инфантино.

Претходно УЕФА ги одложи натпреварите на репрезентацијата на Израел во квалификациите за ЕП 2024 година.