Ракомет
Филип Миркуловски се здоби со повреда на зглобот
Вчерашната победа над Словенија, Македонија ја чинеше повреда на еден играч, односно Филип Миркуловски се соочи со проблем , повреда на зглобот.
Борбата за победа, го повреди средниот бег на Македонија, но од меицинските екипи велат дека не се работи за сериозна повреда кај Миркуловски.
Според информациите, Миркуловски утре треба да се најде на списокот играчи кои ќе се борат против екипата на Црна Гора.
Селекцијата на Македонија закажан тренинг има вечерва во 18.00 часот во „Дом Спорова“.
Македонија денеска имаше слободен ден, а утре ја чека натпреварот против Црна Гора со почеток од 20.30 часот.