Connect with us

Други спортови

Филипчев: Маленко прави штета на македонското пливање

Претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ), Александар Филипчев на денешната средба со новинарите ги изнесе проблемите со кои се соочува овој спорт, а најмногу пливачите од земјава кои се соочуваат со административни пречки на меѓународните натпревари. Тој го повика досегашниот прв човек на пливањето во Македонија, Александар Маленко да не прави опструкции и достоинствено да ја предаде функцијата, се во интерес на пливањето.