Connect with us

Фудбал

Филипо Инзаги се враќа во Серија А, доаѓа како спасител

Легендата на италијанскиот фудбал Филипо Инзаги наскоро ќе стане нов тренер на Салернитана, пренесува новинарот Орацио Акомандо.

Основниот договор постигнат меѓу Салернитана и Инзаги има за цел да биде финализиран. Договорот е планиран до крајот на сезоната и продолжување во случај на опстанок во Серија А. Покрај него, кандидати беа и швајцарскиот стручњак Владимир Петковиќ и познатото име Даниела де Роси.

Салернитана под водство на Пауло Соуса, кој се уште не е отпуштен, е на 19. место со три бода и без победа од почетокот на сезоната.

Во својата тренерска кариера Инзаги ги водеше Млан, Венеција, Болоња, Беневенто, Бреша и Реџина.