Connect with us

Фудбал

ФОТО: Артур пристигна во Торино, следува заклучување на зделката помеѓу Јувентус и Барселона

Фудбалерот на Барселона, Артур Мело доцна синоќа пристигнал во Торино. Тој треба во текот на денешниот ден да ги мине лекарските прегледи, а потоа да потпише петгодишен договор со Јувентус. На истото место, во истиот медицински центар лекарски прегледи ќе мине и Миралем Пјаниќ кој како дел од зделката ќе се пресели во Барселона. Двата тима ќе го заклучат договорот до 30 јуни, а потоа по завршувањето на оваа сезона, поточно од септември ќе ги сменат клупските бои.