Connect with us

Фудбал

ФОТО: Беше член на златната генерација на Наполи, а денеска е бездомник

Диего Марадона сигурно е најголемата икона на Наполи, а за овој клуб настапуваше седум години во кои успеа да им донесе Скудето, за што и денеска се зборува низ улиците на Неапол.

Член на таа генерација која успеа да стане првак на Италија е и Пиетро Пузоне, кој денеска изгледа непрепознатливо. Пузоне кариерата ја заврши пред 30 години, а сега го допре дното. „Ла Газета дело Спорт“ објави сторија за овој играч кој во претходните години живее на улиците на Неапол. Тој едвај врзува ден со ден. Изгубил се што стекнал во текот на фудбалската кариера.

Навивачите можат да го видат низ улиците на Неапол, но најчесто е во гратчето Ачери, одалечено 14 километри од Неапол. Станал бездомник пред неколку години, бидејќи поради дрогата, загубил се што имал.

По завршувањето на кариерата, тој станал зависник од дрога и алкохол. Животот целосно му е уништен. По сторијата, во Неапол се организираат за да му помогнат, а во целата акција се вклучил и градоначалникот.