Ракомет
ФОТО: Битолчани и „Итар Пејо“ пристигнаа во Загреб – одиме на победа
Со организиран превоз или приватно, навивачите не ја оставија и овој пат Македонија сама во Загреб.
Околу 2.000 навивачи се пристигнати и подготвени за вечерашниот натпревар против Словенија, кој започнува во 19:30.
Еден од верните навивачи на Македонија е битолчанецот, Дарко Јанкуловски, кој речиси не пропушта ниту едно натпреварување надвор од Македонија, без разлика дали се работи за ракометна, кошаркарска или фудбалската репрезентација.
Во свој уникатен стил, облечен како Итар Пејо тој ја претставува македонската култура и традиција насекаде во светот. Вели идејата дека му е од Шкотланѓанските навивачи, кои секогаш се облечени во нивната традиционална носија.