Connect with us

Фудбал

ФОТО: Брозовиќ објави, па веднаш избриша – Дали го откри новиот клуб на Модриќ?

Угледните медиуми вчера се распишаа дека хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ кариерата би можел да ја продолжи во Интер.

Со оглед на тоа што најдобриот играч на Светското првенство во една прилика изјави дека во Реал Мадрид планира да ја заврши кариерата, се погласни се шпекулациите дека последниот предизвик би можел да го има во Интер кој наводно започна преговори со неговите застапници.

Дека нешто се „крчка“ покажа и објавата на Брозовиќ на друштвената мрежа Инстаграм, меѓутоа брзо ја избришал кога сватил дека додава само масло на огнот.

Фудбалерот на Интра објавил фотографија со Модриќ на која пишуваше: „Падна договор“. Тоа беше доволно за Италијаните да го загризат мамецот и потполно да полудат, а дали зад ова се крие доаѓањето на Модриќ или Брозовиќ само се шегуваше, ќе покаже времето.