Фудбал
ФОТО: Дали е ова знак дека заминува – Фејзбук профилот на Реал без Лука Модриќ
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ сака да го напушти Реал Мадрид.
Одличниот играч од средниот ред доби понуда од Интер, но од редовите на актуелниот шампион на Европа се уште немаат намера да го пуштат на „Џузепе Меаца“.
Меѓутоа, профилите на друштвените мрежи на Реал Мадрид зборуваа дека на крајот Модриќ сепак може да заврши во Интер.
Насловната фотографија на службениот профил на Реал Мадрид е сменета. На неа го нема Лука Модриќ, а навивачите на Интер ова го разбраа како добар знак за потенцијалниот трансфер.
Модриќ разговарал со претседателот на Реал Флорентино Перез. Му ја соопшти желбата за заминување и постои голема веројатност дека Лука ќе го промени тимот до крајот на преодниот рок.
Интер би можел да добие големо засилување на средината од теренот, а Реал би останал без уште една голема ѕвезда.