Фудбал
ФОТО: Фотографијата на фудбалерите на Баерн предизвика големо внимание
Со освојувањето на Суперкупот на Германија, Баерн уште еднаш најави доминантна сезона во Германија.
Баерн со резултат од 5:0 го совлада Ајнтрахт Франкфурт и на некој начин „Баварците“ се одмаздија за поразот на бившиот клуб на Нико Коваќ во финалето од Купот на Германија.
„Баварците“ покажаа моќ и тешко дека и оваа година некој ќе може да им застане на патот кон титулата кога е во прашање Германија.
Откако го освоиа трофејот, „Баварците“ имаа интересна заедничка слика. Позираа со пехарот, а фотографијата набрзо стана хит на друштвените мрежи.
Многумина коментираа дека Мануел Ноер има најдобра поза, но сите имаа одреден став.