Connect with us

Тајмаут

Фото: Ѓоковиќ Новата 2020 ја дочека во Бризбен!!

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ новата 2020 година ја прослави во Бризбен, Австралија.

Популарниот Ноле на преку својот Инстаграм профил им посака се најдобро на сите во новата 2020 година.

Со него на новогодишната прослава биле и сонародниците Троицки, Лајовиќ и младата Олга Даниловиќ кои исто како Ѓоковиќ ќе учествуваат на АТП Купот во Австралија.

-Среќна Нова година! На сите ви посакувам најголема радост, здравје и среќа во 2020! Многу љубов од Бризбен, напишал Новак под фотографиите.