Connect with us

Ракомет

ФОТО: На ова не се надеваа, српската репрезентација играше пред трибини полни со Хрвати

Во првото коло на Европското првенство, српските ракометари ги одмерија силите со Белорусијa. Tрибините беа исполнети со хрватски навивачи! Никаде ги немаше навивачите на Србија. Ниту пак српското знаме беше видливо за време на директниот пренос.

Сепак, имаше многу хрватски знамиња и тие беа широко распространети на сите трибини. Ова не значи дека имало никаква провокација од трибините, но необично е никој да не верува во избраните ракометари.

Хрватска играше по Србија, а Хрватите дневниот билет го искористија и проследија уште еден натпревар.