Connect with us

Фудбал

ФОТО: Погба се криеше од новинарите на доаѓањето во тренинг – кампот

Пол Погба сака во Барселона.

Тоа јасно му го кажа на челниците на Јунајтед, но понудата од 50 милиони евра, плус Јери Мина и Анде Гомез беше одбиена.

Сепак, англиските медиуми тврдат дека Погба изречито бара трансфер и дека веќе преговарал со раководството на клубот и со менаџерот Жозе Мурињо.

Доаѓањето во тренинг – кампот на „Црвените ѓаволи“ на францускиот играч од средниот ред не му беше ни малку сеедно. Дојде со прикриено лице, а наводно го користел и споредниот влез за никој ништо да не го праша.

Остатокот нод екипата на Јунајтед насмеано позираше пред насобраните навивачи. Очигледно се подготвени за нови возбудувања, а новата сезона Јунајтед ја отвора во петок против Лестер.

Прашањето е, дали Погба ќе биде на тој натпревар?