Connect with us

Фудбал

(ФОТО) Со убаво вино на Олд Трафорд членови на ФФМ го следеа срамот на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација доживеа историски срам на мечот со Англија, но срам немаа некои членови на Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да објават со какво уживање го гледале мечот на Олд Трафорд, пишува МКД.

Јавноста беше гневна на тоа што го виде, негативни коментари доаѓаа од сите страни, но тоа не само што не допре до некои луѓе кои го водат фудбалот, туку тие покажаа дрскост да се пофалат колку убаво си поминале на мечот.

Борче Лазаревски на социјалните мрежи постираше фотографија како ужива на Олд Трафорд заедно со Марјанчо Стојкоски и Владимир Гашевски, пијат убаво вино додека македонските фудбалери испишуваат негативна историја.