Connect with us

Фудбал

ФОТО: Трансфер размената помеѓу Барса и Јуве која сите очекуваат да се случи

Веќе подолго време е јасно дека примарна цел на Барселона е од следната сезона да го има во своите редови Миралем Пјаниќ. Наводно тој веќе договори четиригодишен договор, но услов за негово заминување во Каталонија, е во спротивна насока да замине Артур.

Тоа е барањето на Јувентус. Како што објавија неколку познати италијански новинари, пред се Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио, Артур конечно прифатил да се пресели во Торино, каде ќе потпише петгодишен договор.


Јувентус за неговите услуги ќе треба да издвои 70 милиони, додека Барселона за Пјаниќ 60, па со оглед дека станува збор за размена, всушност Јуве во оваа зделка ќе мора да доплати 10 милиони евра. Во наредните неколку денови би требало да биде официјализирано.